задача
Значење на задача:
1. Определена работа што треба да се исполни, да се изврши; обврска. Беше среќен што ја исполни задачата како што треба. Нејзина задача е да ја пречека колоната и да отвори оган на неа. Тој никогаш не заборави на задачите што ги беше зел на себе.
2. Нешто што има поширока цел, намена, улога и сл. Партијата има задача да ги воспитува и да ги крева луѓето. Му ги објаснуваше задачата и смислата на актерската игра. Надзорот треба да има и хумана задача.
3. Училишна или домашна работа на ученик што треба да се реши, да се научи. Тоа е најлесно решение на задачата. Секој одмор тој им ги решаваше задачите на другарите.
Множина: задачи.
Оригинални податоци:
задача, мн. задачи ж. 1. Определена работа што треба да се исполни, да се изврши; обврска. Беше среќен што ја исполни задачата како што треба. Нејзина задача е да ја пречека колоната и да отвори оган на неа. Тој никогаш не заборави на задачите што ги беше зел на себе. 2. Нешто што има поширока цел, намена, улога и сл. Партијата има задача да ги воспитува и да ги крева луѓето. Му ги објаснуваше задачата и смислата на актерската игра. Надзорот треба да има и хумана задача. 3. Училишна или домашна работа на ученик што треба да се реши, да се научи. Тоа е најлесно решение на задачата. Секој одмор тој им ги решаваше задачите на другарите.