зададе
Значење на зададе:
1. Постави, даде некому како задача да реши нешто. Би сакал да ми одговорите на прашањата што ќе ви ги зададам. Тој набрзина ја напиша задачата што му ја зададе учителот.
2. Предизвика некому тешкотија, нанесе некому болка, тага и сл. Твоето писмо ми зададе сериозна загриженост. Оваа работа ми зададе многу мака.
3. Почне да дава. Таа му зададе јадење на кучето.
Коњугација: зададат , зададен, зададоа , зададов , задај , задајте , задал , (ќе) зададеа , (ќе) зададев , (ќе) зададел .
Изведени зборови:
- задавање, глаг. им. ср.
- (се) задава, глаг. несв. (се) задаваат
- се ~ зададе, 1. Се појави, се покаже оддалеку некој или нешто. По патот се зададоа луѓе. Одоздола се зададоа возила кревајќи зад себе прав. Од исток се зададоа облаци. 2. Се загне, се упати кон некого или кон нешто. Кога ги виде, се зададе кон децата. Тие се зададоа кон шумата со разретчени дабје. Спроти неа се зададе еден црн пес.
Оригинални податоци:
зададе, зададат; задај, задајте; зададов, зададоа; задал; (ќе) зададев, (ќе) зададеа; (ќе) зададел; зададен св. 1. Постави, даде некому како задача да реши нешто. Би сакал да ми одговорите на прашањата што ќе ви ги зададам. Тој набрзина ја напиша задачата што му ја зададе учителот. 2. Предизвика некому тешкотија, нанесе некому болка, тага и сл. Твоето писмо ми зададе сериозна загриженост. Оваа работа ми зададе многу мака. 3. Почне да дава. Таа му зададе јадење на кучето. ● се ~ 1. Се појави, се покаже оддалеку некој или нешто. По патот се зададоа луѓе. Одоздола се зададоа возила кревајќи зад себе прав. Од исток се зададоа облаци. 2. Се загне, се упати кон некого или кон нешто. Кога ги виде, се зададе кон децата. Тие се зададоа кон шумата со разретчени дабје. Спроти неа се зададе еден црн пес. ‖ (се) задава, (се) задаваат несв. ‖ глаг. им. задавање ср.