задави

Глагол, свршен

Значење на задави:

1. Усмрти некого со давење, со спречување на дишењето. Го задавиле со копринена шамија преку устата. Едно куче ја задави нашата мачка.

2. Усмрти некого со давење во вода; удави.

3. задуши.

Коњугација: задават.

Изведени зборови:

  • задавување, глаг. им. ср.
  • се ~ задави, 1. Се усмрти со давење (со вода, со храна и др.). Му застана нешто во грлото и за малку ќе се задавеше. 2. сп. задуши се.
  • (се) задавува, глаг. несв. (се) задавуваат

Оригинални податоци:

задави, задават св. 1. Усмрти некого со давење, со спречување на дишењето. Го задавиле со копринена шамија преку устата. Едно куче ја задави нашата мачка. 2. Усмрти некого со давење во вода; удави. 3. сп. задуши. ● се ~ 1. Се усмрти со давење (со вода, со храна и др.). Му застана нешто во грлото и за малку ќе се задавеше. 2. сп. задуши се. ‖ (се) задавува, (се) задавуваат несв. ‖ глаг. им. задавување ср.