заден
Значење на заден:
1. Што се наоѓа одназад, одзади; спрот: преден. Се упати кон задниот дел од двориштето. Мечката се подигна на задните нозе. Заден џеб. Задна врата. Задно седиште.
2. Што е последен по ред, краен, завршен; спрот: прв, почетен. Му требаше уште еден чекор за да ја искачи задната скала. Стоеше исплашен во задните редови на толпата.
3. (прен.) Што е скришен, подмолен, нечесен. Прашуваше без врска и со задна намера. Имаше пријател што го советуваше без никакви задни мисли.
Членувана форма: задниот.
Фразеолошки израз / поговорка:
Е (стави, остане) во заден план – е од (добие) второстепена важност.
Оригинални податоци:
заден, задниот прид. 1. Што се наоѓа одназад, одзади; спрот: преден. Се упати кон задниот дел од двориштето. Мечката се подигна на задните нозе. Заден џеб. Задна врата. Задно седиште. 2. Што е последен по ред, краен, завршен; спрот: прв, почетен. Му требаше уште еден чекор за да ја искачи задната скала. Стоеше исплашен во задните редови на толпата. 3. (прен.) Што е скришен, подмолен, нечесен. Прашуваше без врска и со задна намера. Имаше пријател што го советуваше без никакви задни мисли. ◊ Е (стави, остане) во заден план – е од (добие) второстепена важност.