задене
Значење на задене:
1. Закачи, стави нешто во друго нешто. Рацете ги заденал во широкиот појас. Пиштолот му беше заденат за појасот.
2. (дијал.) Задре, гибне некого. Тој сигурно пак ќе нèзадене како секогаш. Сакаа да го заденат младото попово ергенче.
Коњугација: заденаа , заденав , заденал , заденат , заденат , заденете , задени , (ќе) заденеа , (ќе) заденев , (ќе) заденел.
Изведени зборови:
- заденува, глаг. несв. заденуваат
- заденување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
задене, заденат; задени, заденете; заденав, заденаа; заденал; заденат; (ќе) заденев, (ќе) заденеа; (ќе) заденел св. 1. Закачи, стави нешто во друго нешто. Рацете ги заденал во широкиот појас. Пиштолот му беше заденат за појасот. 2. (дијал.) Задре, гибне некого. Тој сигурно пак ќе нèзадене како секогаш. Сакаа да го заденат младото попово ергенче. ‖ заденува, заденуваат несв. ‖ глаг. им. заденување ср.