задише
Значење на задише:
1. Почне да дише слободно, без тешкотија. Малку по малку се ослободив и задишав со отворени гради. Тој ја распетла кошулата и задиши длабоко.
2. Направи некој да дише тешко и забрзано. Полека деца, со вакво брзање ќе ме задишите.
Коњугација: задишаа и задишив , задишав , задишал и задишил , задишан и задишен , задишат , задишија , (ќе) задишеа , (ќе) задишев , (ќе) задишел.
Алтернативно: задиши
Изведени зборови:
- задишување, глаг. им. ср.
- се ~ задише, Почне да дише тешко и забрзано. Тој се задиша качувајќи се по скалите. Се задишивме од трчање.
- (се) задишува, глаг. несв. (се) задишуваат
Оригинални податоци:
задише и задиши, задишат; задишав, задишаа и задишив, задишија; задишал и задишил; задишан и задишен; (ќе) задишев, (ќе) задишеа; (ќе) задишел св. 1. Почне да дише слободно, без тешкотија. Малку по малку се ослободив и задишав со отворени гради. Тој ја распетла кошулата и задиши длабоко. 2. Направи некој да дише тешко и забрзано. Полека деца, со вакво брзање ќе ме задишите. ● се ~ Почне да дише тешко и забрзано. Тој се задиша качувајќи се по скалите. Се задишивме од трчање. ‖ (се) задишува, (се) задишуваат несв. ‖ глаг. им. задишување ср.