задоцни
Значење на задоцни:
1. Дојде, стигне подоцна, по определеното време. Брзаше за да не задоцни на училиште. Погледна во часовникот да види колку задоцнил.
2. Пристигне подоцна отколку што е вообичаено (за годишно време, за природен феномен и сл.). Дождовите задоцнија оваа есен. Годинава пролетта многу задоцни.
3. Заостане во работата, не изврши нешто навреме. Печатницата задоцни со печатењето на книгата. Тој задоцни со изградбата на куќата.
Коњугација: задоцнат.
Изведени зборови:
- задоцнување, глаг. им. ср. задоцнување, PLUR_задоцнувања Тој се нервираше поради нејзините чести задоцнувања.
- се ~ задоцни, Се појави подоцна, по определеното време. Утрово се задоцнив за на работа. Децата уште ги нема, се задоцнија.
- (се) задоцнува, глаг. несв. (се) задоцнуваат
Оригинални податоци:
задоцни, задоцнат св. 1. Дојде, стигне подоцна, по определеното време. Брзаше за да не задоцни на училиште. Погледна во часовникот да види колку задоцнил. 2. Пристигне подоцна отколку што е вообичаено (за годишно време, за природен феномен и сл.). Дождовите задоцнија оваа есен. Годинава пролетта многу задоцни. 3. Заостане во работата, не изврши нешто навреме. Печатницата задоцни со печатењето на книгата. Тој задоцни со изградбата на куќата. ● се ~ Се појави подоцна, по определеното време. Утрово се задоцнив за на работа. Децата уште ги нема, се задоцнија. ‖ (се) задоцнува, (се) задоцнуваат несв. ‖ глаг. им. задоцнување, мн. задоцнувања ср. Тој се нервираше поради нејзините чести задоцнувања.