задои

Глагол, свршен

Значење на задои:

1. Даде на новороденче за прв пат да цица. Размислуваше со чие млеко да го задои своето првенче.

2. (прен.) Исполни, напои некого со определено уверување, идеја, чувство и сл. Најубавото со што ги задоила своите деца е љубовта кон татковината.

Коњугација: задоија , задој , задојаа и задоив , задојав , задојал и задоил , задојан и задоен , задојат , задојте , (ќе) задоев , (ќе) задоеја , (ќе) задоел.

Изведени зборови:

  • задојува, глаг. несв. задојуваат
  • задојување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

задои, задојат; задој, задојте; задојав, задојаа и задоив, задоија; задојал и задоил; задојан и задоен; (ќе) задоев, (ќе) задоеја; (ќе) задоел св. 1. Даде на новороденче за прв пат да цица. Размислуваше со чие млеко да го задои своето првенче. 2. (прен.) Исполни, напои некого со определено уверување, идеја, чувство и сл. Најубавото со што ги задоила своите деца е љубовта кон татковината. ‖ задојува, задојуваат несв. ‖ глаг. им. задојување ср.