задолжен

Придавка

Значење на задолжен:

1. Што има долг. Тој е задолжен во неколку банки.

2. Што има некое задолжение, што е одговорен за нешто. Тие беа задолжени за набавка на храна.

Членувана форма: задолжениот.

Изведени зборови:

  • задолженост, и. ж. Состојба на тој што е задолжен; кон зн. 1.

Оригинални податоци:

задолжен, задолжениот прид. 1. Што има долг. Тој е задолжен во неколку банки. 2. Што има некое задолжение, што е одговорен за нешто. Тие беа задолжени за набавка на храна. ‖ задолженост ж. Состојба на тој што е задолжен; кон зн. 1.