задолжи
Значење на задолжи:
1. Оптовари некого со долг. Банката ја задолжи нашата фирма со кредит.
2. Даде некому задача, задолжение. Учителот ги задолжи своите ученици да ја прочитаат книгата. Ме задолжија да ти го соопштам решението.
3. Направи некому добро дело (услуга, даде помош и сл.) со што предизвика чувство на задолженост, на благодарност. Таа ме задолжи со тоа што ми го чуваше детето кога беше мало. Вие многу ме задолживте со вашата посета.
Коњугација: задолжат.
Изведени зборови:
- задолжување, глаг. им. ср.
- се ~ задолжи, Се оптовари со долг, стане должен некому. Тие се задолжија за куќата.
- (се) задолжува, глаг. несв. (се) задолжуваат кон зн. 1 и 2.
Оригинални податоци:
задолжи, задолжат св. 1. Оптовари некого со долг. Банката ја задолжи нашата фирма со кредит. 2. Даде некому задача, задолжение. Учителот ги задолжи своите ученици да ја прочитаат книгата. Ме задолжија да ти го соопштам решението. 3. Направи некому добро дело (услуга, даде помош и сл.) со што предизвика чувство на задолженост, на благодарност. Таа ме задолжи со тоа што ми го чуваше детето кога беше мало. Вие многу ме задолживте со вашата посета. ● се ~ Се оптовари со долг, стане должен некому. Тие се задолжија за куќата. ‖ (се) задолжува, (се) задолжуваат несв. кон зн. 1 и 2. ‖ глаг. им. задолжување ср.