задоволи

Глагол, свршен

Значење на задоволи:

1. Направи задоволство некому со нешто. Тие со својата работа го задоволија чорбаџијата. Играта на нашите фудбалери ја задоволи публиката. Во циркусот најмногу нè задоволија слоновите со своите атрактивни точки.

2. Исполни, одговори на определени желби, барања, потреби и сл. Тој ги задоволи сите нејзини желби. Со двојно зголемување на производството ќе ги задоволиме потребите на пазарот.

Коњугација: задоволат.

Изведени зборови:

  • задоволување, глаг. им. ср.
  • се ~ задоволи, Си исполни определено барање, потреба, желба и сл. Тој се задоволи со тоа што го дозна од селаните. Домашните фудбалери се задоволија со постигнатиот гол.
  • (се) задоволува, глаг. несв. (се) задоволуваат 1. сп. задоволи 1 и 2. 2. Исполнува, одговара на определени критериуми. Финансиските ефекти наполно задоволуваат. Содржината на списанието мошне задоволува. Успехот на учениците не задоволува.

Оригинални податоци:

задоволи, задоволат св. 1. Направи задоволство некому со нешто. Тие со својата работа го задоволија чорбаџијата. Играта на нашите фудбалери ја задоволи публиката. Во циркусот најмногу нè задоволија слоновите со своите атрактивни точки. 2. Исполни, одговори на определени желби, барања, потреби и сл. Тој ги задоволи сите нејзини желби. Со двојно зголемување на производството ќе ги задоволиме потребите на пазарот. ● се ~ Си исполни определено барање, потреба, желба и сл. Тој се задоволи со тоа што го дозна од селаните. Домашните фудбалери се задоволија со постигнатиот гол. ‖ (се) задоволува, (се) задоволуваат несв. 1. сп. задоволи 1 и 2. 2. Исполнува, одговара на определени критериуми. Финансиските ефекти наполно задоволуваат. Содржината на списанието мошне задоволува. Успехот на учениците не задоволува. ‖ глаг. им. задоволување ср.