задоволство
Значење на задоволство:
1. Чувство на добро расположение, ведрина, радост. Тој се топеше од радост и задоволство. Од лицето можеше да се прочита задоволство поради извршената задача.
2. Забава, разонода, уживање. Тие свиреа за свое задоволство. Тој почна да бара други задоволства.
Множина: задоволства.
Оригинални податоци:
задоволство, мн. задоволства ср. 1. Чувство на добро расположение, ведрина, радост. Тој се топеше од радост и задоволство. Од лицето можеше да се прочита задоволство поради извршената задача. 2. Забава, разонода, уживање. Тие свиреа за свое задоволство. Тој почна да бара други задоволства.