задруга

Именка, женски род

Значење на задруга:

1. (истор.) Семејна заедница, фамилија со поголем број членови, поврзани со блиско крвно сродство, кои водат заедничко домаќинство и имаат заеднички имот. Во минатото, луѓето живееле во големи задруги.

2. Колективна организација, здружение за вршење или за организирање разни стопански и други дејности. Земјоделска задруга. Младинска задруга. Селска задруга. Претседателот на задругата.

Множина: задруги.

Оригинални податоци:

задруга, мн. задруги ж. 1. (истор.) Семејна заедница, фамилија со поголем број членови, поврзани со блиско крвно сродство, кои водат заедничко домаќинство и имаат заеднички имот. Во минатото, луѓето живееле во големи задруги. 2. Колективна организација, здружение за вршење или за организирање разни стопански и други дејности. Земјоделска задруга. Младинска задруга. Селска задруга. Претседателот на задругата.