задржи

Глагол, свршен

Значење на задржи:

1. Запре, спречи движење на некого или на нешто, направи да застане; сп. држи 12. Го задржа детето да не оди кон реката. Мораме да го задржиме непријателот на истите позиции. Таа сакаше да избега, но јас ја задржав со рацете.

2. Запре, смести некого некаде, не дозволувајќи му да оди; сп. држи 7. Повредените патници ги задржаа на лекување во болницата. Домаќините нè задржаа на вечера и на спиење. Ништо веќе не беше во состојба да го задржи дома.

3. Запре, спречи нешто да се појави, да дојде до израз; сп. додржи 2. Не можеше да ја задржи потсмешливата насмевка кога го виде. Се борев да ги задржам солзите. Ставив лисја одозгора да ја задржат тињата.

4. Запре, спречи некого да направи нешто. Гостите ме задржаа и не стасав да си ја завршам работата. Другарите го задржале да не се степа. Нешто го задржа и не пречекори во дворот.

5. Зачува нешто, не се лиши од нешто. Синот го задржа имотот од родителите. Таа партија ја задржа власта во свои раце долго време.

6. Земе, присвои нешто за себе. Задржете ја кутијата сосе тутунот. Ќе купи нешто, а другите пари ќе ги задржи за себе.

7. Придржи, додржи, потпре некого или нешто; сп. додржи 1. Таа со едната рака го задржа лустерот. Јас го задржав стариот да се качи на коњот. Тој го задржа детето да не падне.

8. а) Одржи, зачува нешто за извесно време. Не можеше да задржи рамнотежа и се струполи врз земјата. Одеше трудејќи се да го задржи војничкиот чекор. б) Остане во определена положба извесно време. Го задржа погледот врз купот хартии. Тој го прегрна и долго го задржа во својата прегратка.

9. Остави некого на определена служба, должност; сп. држи 3. Тој беше одличен стручњак и сакав да го задржам во претпријатието.

Коњугација: задржаа , задржав , задржал , задржан , задржат , задржете , задржи , (ќе) задржеа , (ќе) задржев , (ќе) задржел.

Изведени зборови:

  • задржување, глаг. им. ср. задржување, PLUR_задржувања Често ме караа заради долгите задржувања надвор.
  • се ~ задржи, 1. Запре, застане, остане извесно време на некое место. Не можев да се задржам на едно место. Тие се задржаа надвор од селото до вечерта. Тој се задржал некаде на гости. 2. Се придржи, се додржи, се потпре на нешто; сп. додржи се 1. Тој одвај се задржа да не падне. Сакаше да се задржи за крајот од масата. 3. Се воздржи да не направи нешто; сп. додржи се 2. Не можеше да се задржи од радост. Одвај се задржа да не заплаче. Сакаше да ме удри, но сепак се задржа и само ме искара. Одвај се задржа да не загуби свест. 4. Се одржи, се зачува нешто извесно време; сп. одржи. Насмевка се задржа на неговото лице. Рацете не можеа да се задржат на лизгавите камења. Погледот му се задржа на ѕидот. Тие обичаи се задржале до денес. 5. Се укаже на нешто, се обрне повеќе внимание. Повеќе ќе се задржиме на именките што завршуваат на согласка. Во својот реферат тој се задржа на неколку важни прашања.
  • (се) задржува, глаг. несв. (се) задржуваат

Оригинални податоци:

задржи, задржат; задржи, задржете; задржав, задржаа; задржал; задржан; (ќе) задржев, (ќе) задржеа; (ќе) задржел св. 1. Запре, спречи движење на некого или на нешто, направи да застане; сп. држи 12. Го задржа детето да не оди кон реката. Мораме да го задржиме непријателот на истите позиции. Таа сакаше да избега, но јас ја задржав со рацете. 2. Запре, смести некого некаде, не дозволувајќи му да оди; сп. држи 7. Повредените патници ги задржаа на лекување во болницата. Домаќините нè задржаа на вечера и на спиење. Ништо веќе не беше во состојба да го задржи дома. 3. Запре, спречи нешто да се појави, да дојде до израз; сп. додржи 2. Не можеше да ја задржи потсмешливата насмевка кога го виде. Се борев да ги задржам солзите. Ставив лисја одозгора да ја задржат тињата. 4. Запре, спречи некого да направи нешто. Гостите ме задржаа и не стасав да си ја завршам работата. Другарите го задржале да не се степа. Нешто го задржа и не пречекори во дворот. 5. Зачува нешто, не се лиши од нешто. Синот го задржа имотот од родителите. Таа партија ја задржа власта во свои раце долго време. 6. Земе, присвои нешто за себе. Задржете ја кутијата сосе тутунот. Ќе купи нешто, а другите пари ќе ги задржи за себе. 7. Придржи, додржи, потпре некого или нешто; сп. додржи 1. Таа со едната рака го задржа лустерот. Јас го задржав стариот да се качи на коњот. Тој го задржа детето да не падне. 8. а) Одржи, зачува нешто за извесно време. Не можеше да задржи рамнотежа и се струполи врз земјата. Одеше трудејќи се да го задржи војничкиот чекор. б) Остане во определена положба извесно време. Го задржа погледот врз купот хартии. Тој го прегрна и долго го задржа во својата прегратка. 9. Остави некого на определена служба, должност; сп. држи 3. Тој беше одличен стручњак и сакав да го задржам во претпријатието. ● се ~ 1. Запре, застане, остане извесно време на некое место. Не можев да се задржам на едно место. Тие се задржаа надвор од селото до вечерта. Тој се задржал некаде на гости. 2. Се придржи, се додржи, се потпре на нешто; сп. додржи се 1. Тој одвај се задржа да не падне. Сакаше да се задржи за крајот од масата. 3. Се воздржи да не направи нешто; сп. додржи се 2. Не можеше да се задржи од радост. Одвај се задржа да не заплаче. Сакаше да ме удри, но сепак се задржа и само ме искара. Одвај се задржа да не загуби свест. 4. Се одржи, се зачува нешто извесно време; сп. одржи. Насмевка се задржа на неговото лице. Рацете не можеа да се задржат на лизгавите камења. Погледот му се задржа на ѕидот. Тие обичаи се задржале до денес. 5. Се укаже на нешто, се обрне повеќе внимание. Повеќе ќе се задржиме на именките што завршуваат на согласка. Во својот реферат тој се задржа на неколку важни прашања. ‖ (се) задржува, (се) задржуваат несв. ‖ глаг. им. задржување, мн. задржувања ср. Често ме караа заради долгите задржувања надвор.