задуши 1

Глагол, свршен

Значење на задуши:

1. Усмрти со отровен гас и сл. Го задушиле во затворот со отровен гас.

2. Усмрти со физичко спречување на дишењето; задави_1 Ја задушил со перница. Со раце ќе ве задушиме ако ги изгинете овците.

3. Направи дишењето да биде отежнато. Ме задуши нешто во грлото. Го задуши здивот на ракија.

4. За растение – спречи, оневозможи развој. Дивите тревки ги задушиле нежните фиданки на босилокот. Троскотот ги смука соковите и ги задушува житата.

5. заглуши Силниот тропот го задуши неговиот глас. Огорчените извици ја задушија стрелбата.

6. (прен.) Со сила надвие бунт, востание. Војската го задуши бунтот на народот. Востанието брзо беше задушено.

7. (прен.) а) Со сила, напор смири, потисне некакво чувство. Тој ги задуши во себе сите спомени. Го задушив во себе плачот. Се трудеше да ја задуши силната возбуда. б) Е исполнет, обземен од некакво чувство. Ме задуши бранот на гнев. Го задуши детскиот крик.

8. (прен.) Оневозможи, не даде можност да се развие нешто. Неповолните животни услови не можеа да го задушат талентот во него.

Коњугација: задушат.

Изведени зборови:

  • задушување, глаг. им. ср. задушување, PLUR_задушувања Кашлицата му предизвикуваше чести задушувања.
  • се ~ задуши, 1. Се усмрти со отровен гас и сл. Рударите се задушиле од подземниот отровен гас. 2. Дише тешко, отежнато. Се задушил од тутуновиот дим во собата. 3. Стане исполнет, обземен од некакво чувство. Се задуши во силно плачење. Се задушил од смеа. Тој ќе се задушеше од болка и бес. 4. Се смири, се намали некаков звук. Грмна истрел и се задуши без одглас. Зборовите се задушија во грлото.
  • (се) задушува, глаг. несв. (се) задушуваат

Оригинални податоци:

задуши1, задушат св. 1. Усмрти со отровен гас и сл. Го задушиле во затворот со отровен гас. 2. Усмрти со физичко спречување на дишењето; сп. задави 1. Ја задушил со перница. Со раце ќе ве задушиме ако ги изгинете овците. 3. Направи дишењето да биде отежнато. Ме задуши нешто во грлото. Го задуши здивот на ракија. 4. За растение – спречи, оневозможи развој. Дивите тревки ги задушиле нежните фиданки на босилокот. Троскотот ги смука соковите и ги задушува житата. 5. сп. заглуши 1. Силниот тропот го задуши неговиот глас. Огорчените извици ја задушија стрелбата. 6. (прен.) Со сила надвие бунт, востание. Војската го задуши бунтот на народот. Востанието брзо беше задушено. 7. (прен.) а) Со сила, напор смири, потисне некакво чувство. Тој ги задуши во себе сите спомени. Го задушив во себе плачот. Се трудеше да ја задуши силната возбуда. б) Е исполнет, обземен од некакво чувство. Ме задуши бранот на гнев. Го задуши детскиот крик. 8. (прен.) Оневозможи, не даде можност да се развие нешто. Неповолните животни услови не можеа да го задушат талентот во него. ● се ~ 1. Се усмрти со отровен гас и сл. Рударите се задушиле од подземниот отровен гас. 2. Дише тешко, отежнато. Се задушил од тутуновиот дим во собата. 3. Стане исполнет, обземен од некакво чувство. Се задуши во силно плачење. Се задушил од смеа. Тој ќе се задушеше од болка и бес. 4. Се смири, се намали некаков звук. Грмна истрел и се задуши без одглас. Зборовите се задушија во грлото. ‖ (се) задушува, (се) задушуваат несв. ‖ глаг. им. задушување, мн. задушувања ср. Кашлицата му предизвикуваше чести задушувања.