заѕида

Глагол, свршен

Значење на заѕида:

1. Почне да ѕида, да гради; ѕида. Утре ќе ја заѕидаме новата куќа.

2. Затвори ѕиден отвор. Ја заѕидаа едната врата од салонот.

3. Затвори некого или нешто со заѕидување во определен простор. Главата на јагнето ја заѕидаа во темелите на куќата.

Коњугација: заѕидаат.

Изведени зборови:

  • заѕидува, глаг. несв. заѕидуваат
  • заѕидување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

заѕида, заѕидаат св. 1. Почне да ѕида, да гради; сп. ѕида. Утре ќе ја заѕидаме новата куќа. 2. Затвори ѕиден отвор. Ја заѕидаа едната врата од салонот. 3. Затвори некого или нешто со заѕидување во определен простор. Главата на јагнето ја заѕидаа во темелите на куќата. ‖ заѕидува, заѕидуваат несв. ‖ глаг. им. заѕидување ср.