зафати
Значење на зафати:
1. Почне некакво дејство, некаква активност. Зафати војната. Зафати да раскажува.
2. Заземе место, определена површина, простор. Масата ја зафати половина кујна. Децата ги зафатија сите седишта во автобусот. Група работници го зафатија вагонот.
3. а) Допре. Старецот го зафатија малку со задните тркала. Фудбалерот ја зафати топката со главата и даде гол. Пожарот ја зафати училишната сала. б) Засегне. Тој зафати многу актуелни прашања. Собирот зафати неколку нерешени проблеми во науката.
4. (прен.) Опфати, обземе. Ја зафати огромен страв, но не покажуваше. Ги зафати паника.
Коњугација: зафатат.
Изведени зборови:
- зафаќање, глаг. им. ср.
- (се) зафаќа, глаг. несв. (се) зафаќаат
- се ~ зафати, 1. Започне некоја работа, се ангажира со нешто. Тој се зафати со поправка на автомобилот. Сите структури се зафатија со спроведување на реформите. 2. Се издигне, ја подобри материјалната состојба. Соседот откога почна со новиот бизнис, се зафати. 3. За растение – врзе корен; вкорени. Цвеќето што ми го даде неодамна се зафати.
Оригинални податоци:
зафати, зафатат св. 1. Почне некакво дејство, некаква активност. Зафати војната. Зафати да раскажува. 2. Заземе место, определена површина, простор. Масата ја зафати половина кујна. Децата ги зафатија сите седишта во автобусот. Група работници го зафатија вагонот. 3. а) Допре. Старецот го зафатија малку со задните тркала. Фудбалерот ја зафати топката со главата и даде гол. Пожарот ја зафати училишната сала. б) Засегне. Тој зафати многу актуелни прашања. Собирот зафати неколку нерешени проблеми во науката. 4. (прен.) Опфати, обземе. Ја зафати огромен страв, но не покажуваше. Ги зафати паника. ● се ~ 1. Започне некоја работа, се ангажира со нешто. Тој се зафати со поправка на автомобилот. Сите структури се зафатија со спроведување на реформите. 2. Се издигне, ја подобри материјалната состојба. Соседот откога почна со новиот бизнис, се зафати. 3. За растение – врзе корен; вкорени. Цвеќето што ми го даде неодамна се зафати. ‖ (се) зафаќа, (се) зафаќаат несв. ‖ глаг. им. зафаќање ср.