загаси

Глагол, свршен

Значење на загаси:

1. Направи нешто делумно или целосно да престане да гори или да свети; изгаси. Дождот го загаси огнот.

2. (прен.) Направи нешто да исчезне, да замре. Таа го загаси споменот за него.

Коњугација: загасат.

Изведени зборови:

  • загасување, глаг. им. ср.
  • се ~ загаси, Се изгаси делумно или целосно, престане да гори, да свети. Огнот во каминот се загаси.
  • (се) загасува, глаг. несв. (се) загасуваат

Фразеолошки израз / поговорка:

Загаси жед – со земање вода, течност смири чувство на жед.

Оригинални податоци:

загаси, загасат св. 1. Направи нешто делумно или целосно да престане да гори или да свети; изгаси. Дождот го загаси огнот. 2. (прен.) Направи нешто да исчезне, да замре. Таа го загаси споменот за него. ● се ~ Се изгаси делумно или целосно, престане да гори, да свети. Огнот во каминот се загаси. ◊ Загаси жед – со земање вода, течност смири чувство на жед. ‖ (се) загасува, (се) загасуваат несв. ‖ глаг. им. загасување ср.