загасне
Значење на загасне:
1. Престане да гори или да свети; делумно или целосно изгасне. Огнот го оставија да загасне. Тој почна да го смука лулето што му загасна.
2. (прен.) Исчезне, замре чувство, поглед и сл. Очите бргу му проблеснаа и пак загаснаа.
Коњугација: загаснаа , загаснав , загаснал , загаснат , загаснат , загаснете , загасни , (ќе) загаснеа , (ќе) загаснев , (ќе) загаснел.
Изведени зборови:
- загаснува, глаг. несв. загаснуваат
- загаснување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
загасне, загаснат; загасни, загаснете; загаснав, загаснаа; загаснал; загаснат; (ќе) загаснев, (ќе) загаснеа; (ќе) загаснел св. 1. Престане да гори или да свети; делумно или целосно изгасне. Огнот го оставија да загасне. Тој почна да го смука лулето што му загасна. 2. (прен.) Исчезне, замре чувство, поглед и сл. Очите бргу му проблеснаа и пак загаснаа. ‖ загаснува, загаснуваат несв. ‖ глаг. им. загаснување ср.