загатка

Именка, женски род

Значење на загатка:

1. Исказ или прашање што треба да се реши. Се изненади кога го чу решението на загатката. На крајот, во форма на загатка, е дадено името на авторот.

2. Нерешен проблем, појава што е тешко да се објасни, да се сфати; тајна, мистерија. Многу прашања од неговиот живот и натаму остануваат загатка. Во третиот чин на драмата се одгатнуваат многу загатки.

Множина: загатки.

Оригинални податоци:

загатка, мн. загатки ж. 1. Исказ или прашање што треба да се реши. Се изненади кога го чу решението на загатката. На крајот, во форма на загатка, е дадено името на авторот. 2. Нерешен проблем, појава што е тешко да се објасни, да се сфати; тајна, мистерија. Многу прашања од неговиот живот и натаму остануваат загатка. Во третиот чин на драмата се одгатнуваат многу загатки.