загази

Глагол, свршен

Значење на загази:

1. Почне да гази; гази Загазив во студената вода. Тој загази во снегот. Загази по дебелата волнена простирка.

2. Изгази овде-онде, смачка, набие. Местото го загази и го направи гумно со стожер. Воловите ја загазија тревата.

3. (прен.) Навлезе во некоја работа, состојба и сл. (обично во негативна смисла). Тој беше загазил веќе во втората деценија од своите студии. Загази во долгови. Загазивме во гревови.

Коњугација: загазат.

Изведени зборови:

  • загазува, глаг. несв. загазуваат
  • загазување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

загази, загазат св. 1. Почне да гази; сп. гази 1. Загазив во студената вода. Тој загази во снегот. Загази по дебелата волнена простирка. 2. Изгази овде-онде, смачка, набие. Местото го загази и го направи гумно со стожер. Воловите ја загазија тревата. 3. (прен.) Навлезе во некоја работа, состојба и сл. (обично во негативна смисла). Тој беше загазил веќе во втората деценија од своите студии. Загази во долгови. Загазивме во гревови. ‖ загазува, загазуваат несв. ‖ глаг. им. загазување ср.