загине
Значење на загине:
1. Изгуби живот. Во таа борба загинале тројца партизани. Тој загина во авионска несреќа.
2. Загуби, изгуби нешто. Ми загина ножето. Во планината го загинав новиот џемпер.
3. (прен.) Исчезне, се изгуби од видик, за определено време и сл. Неговата црна силуета загина некаде удолу по долината. Каде загинавте вие деновиве?
Коњугација: загинаа , загинав , загинал , загинат , загинат , загинете , загини , (ќе) загинеа , (ќе) загинев , (ќе) загинел.
Изведени зборови:
- загинување, глаг. им. ср.
- се ~ загине, Се загуби, се изгуби некаде. Детето се загина вчера, одвај го најдовме.
- (се) загинува, глаг. несв. (се) загинуваат
Оригинални податоци:
загине, загинат; загини, загинете; загинав, загинаа; загинал; загинат; (ќе) загинев, (ќе) загинеа; (ќе) загинел св. 1. Изгуби живот. Во таа борба загинале тројца партизани. Тој загина во авионска несреќа. 2. Загуби, изгуби нешто. Ми загина ножето. Во планината го загинав новиот џемпер. 3. (прен.) Исчезне, се изгуби од видик, за определено време и сл. Неговата црна силуета загина некаде удолу по долината. Каде загинавте вие деновиве? ● се ~ Се загуби, се изгуби некаде. Детето се загина вчера, одвај го најдовме. ‖ (се) загинува, (се) загинуваат несв. ‖ глаг. им. загинување ср.