заглави

Глагол, свршен

Значење на заглави:

1. Стави, вметне, втера нешто во положба од која тешко може да се извлече. Пушката ја заглави меѓу два камена. Тој ја заглавил секирата во тврдото стебло на дабот.

2. (прен.) Настрада, пропадне, западне во незгода. Заглавив во некои урнатини и не можев да излезам од нив. Во таа работа брзо ќе заглавиш.

Коњугација: заглават.

Изведени зборови:

  • заглавување, глаг. им. ср.
  • се ~ заглави, 1. Се вовлече, се пикне во нешто. Колата се заглави среде длабоката, црна кал на патот. Детето се заглави меѓу решетките од оградата. 2. Се оневозможи движење, се создаде застој. Се заглавија на вратата од вагонот. Нешто се заглави во машината.
  • (се) заглавува, глаг. несв. (се) заглавуваат –повт.

Оригинални податоци:

заглави, заглават св. 1. Стави, вметне, втера нешто во положба од која тешко може да се извлече. Пушката ја заглави меѓу два камена. Тој ја заглавил секирата во тврдото стебло на дабот. 2. (прен.) Настрада, пропадне, западне во незгода. Заглавив во некои урнатини и не можев да излезам од нив. Во таа работа брзо ќе заглавиш. ● се ~ 1. Се вовлече, се пикне во нешто. Колата се заглави среде длабоката, црна кал на патот. Детето се заглави меѓу решетките од оградата. 2. Се оневозможи движење, се создаде застој. Се заглавија на вратата од вагонот. Нешто се заглави во машината. ‖ (се) заглавува, (се) заглавуваат несв.–повт. ‖ глаг. им. заглавување ср.