загледа
Значење на загледа:
1. Почне да гледа (во) нешто со некакво внимание, со некаков интерес. Го загледа писмото од сите страни.
2. Здогледа, забележи со поглед. Во белината загледа две темни точки. Го загледа некаде долу во ливадата. Во ожниената нива загледав еден човек.
Коњугација: загледаат.
Изведени зборови:
- загледување, глаг. им. ср.
- се ~ загледа, 1. Насочи поглед, внимателно, упорно гледа во некого или во нешто. Се загледав горе во чардакот. Им се загледа право во лицата. Застана и се загледа наоколу. 2. Почне да се гледа еден во/со друг, меѓу себе. Ние се загледавме меѓу себе, зачудени. Тие двајцата се загледаа еден во друг. 3. Се заљуби во некого. И двајцата браќа се загледаа во иста девојка.
- (се) загледува, глаг. несв. (се) загледуваат
Оригинални податоци:
загледа, загледаат св. 1. Почне да гледа (во) нешто со некакво внимание, со некаков интерес. Го загледа писмото од сите страни. 2. Здогледа, забележи со поглед. Во белината загледа две темни точки. Го загледа некаде долу во ливадата. Во ожниената нива загледав еден човек. ● се ~ 1. Насочи поглед, внимателно, упорно гледа во некого или во нешто. Се загледав горе во чардакот. Им се загледа право во лицата. Застана и се загледа наоколу. 2. Почне да се гледа еден во/со друг, меѓу себе. Ние се загледавме меѓу себе, зачудени. Тие двајцата се загледаа еден во друг. 3. Се заљуби во некого. И двајцата браќа се загледаа во иста девојка. ‖ (се) загледува, (се) загледуваат несв. ‖ глаг. им. загледување ср.