заглуши

Глагол, свршен

Значење на заглуши:

1. Со силен шум, врева и сл. направи да не се слушаат други гласови, звуци или да не се распознаваат. Неговите последни зборови ги заглуши аплауз. Нивните гласови ги заглуши истрел. Шумот од езерото не можеше да го заглуши звукот од камбаните.

2. Оневозможи, попречи нормално да восприемаат слушните органи; заглувне. Силниот пискот на локомотивата ми ги заглуши ушите. Нè заглушија гласовите на продавачите.

3. (прен.) Потисне, стивне чувство, силно расположение и сл. Остриот прекор го заглуши неговото задоволство.

4. (прен.) За растение – едно растение спречи друго добро да се развива. Тревата го заглуши расадот.

Коњугација: заглушат.

Изведени зборови:

  • заглушување, глаг. им. ср.
  • се ~ заглуши, За глас – се изгуби, стане нечуен. Нејзиниот шепот се заглушил во болни липања и солзи.
  • (се) заглушува, глаг. несв. (се) заглушуваат

Оригинални податоци:

заглуши, заглушат св. 1. Со силен шум, врева и сл. направи да не се слушаат други гласови, звуци или да не се распознаваат. Неговите последни зборови ги заглуши аплауз. Нивните гласови ги заглуши истрел. Шумот од езерото не можеше да го заглуши звукот од камбаните. 2. Оневозможи, попречи нормално да восприемаат слушните органи; сп. заглувне. Силниот пискот на локомотивата ми ги заглуши ушите. Нè заглушија гласовите на продавачите. 3. (прен.) Потисне, стивне чувство, силно расположение и сл. Остриот прекор го заглуши неговото задоволство. 4. (прен.) За растение – едно растение спречи друго добро да се развива. Тревата го заглуши расадот. ● се ~ За глас – се изгуби, стане нечуен. Нејзиниот шепот се заглушил во болни липања и солзи. ‖ (се) заглушува, (се) заглушуваат несв. ‖ глаг. им. заглушување ср.