заглувне

Глагол, свршен

Значење на заглувне:

1. Привремено или трајно ја изгуби способноста за слушање, го изгуби слухот; оглуви. Од силната експлозија сите заглувнавме.

2. (прен.) Замолкне, престане да се слуша. Сè уште не беше заглувнало ехото од истрелот. Заглувнаа пушките по планините.

Коњугација: заглувнаа , заглувнав , заглувнал , заглувнат , заглувнат , заглувнете , заглувни , (ќе) заглувнеа , (ќе) заглувнев , (ќе) заглувнел.

Изведени зборови:

  • заглувнува, глаг. несв. заглувнуваат
  • заглувнување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

заглувне, заглувнат; заглувни, заглувнете; заглувнав, заглувнаа; заглувнал; заглувнат; (ќе) заглувнев, (ќе) заглувнеа; (ќе) заглувнел св. 1. Привремено или трајно ја изгуби способноста за слушање, го изгуби слухот; оглуви. Од силната експлозија сите заглувнавме. 2. (прен.) Замолкне, престане да се слуша. Сè уште не беше заглувнало ехото од истрелот. Заглувнаа пушките по планините. ‖ заглувнува, заглувнуваат несв. ‖ глаг. им. заглувнување ср.