загнезди се

Глагол, свршен

Значење на загнезди се:

1. Направи гнездо; гнезди се. Една ластовичка се загнезди под нашата стреа.

2. (прен.) Се намести, се смести некаде како во гнездо; заседне некаде. Некој комита се загнездил во шумата. Малото гратче се загнездило на самиот врв на брдото.

3. (прен.) За чувство, за мисла и сл. – обземе нешто, се појави; вгнезди_3 Страв ѝ се загнезди во душата. Темнината се загнезди во нивните очи.

Коњугација: загнезден, загнездете се , загнезди се , (ќе) се загнездеа , (ќе) се загнездев , (ќе) се загнездел , се загнездат , се загнездив , се загнездија , се загнездил .

Изведени зборови:

  • загнездување, глаг. им. ср.
  • се загнездува, глаг. несв. се загнездуваат

Оригинални податоци:

загнезди се, се загнездат; загнезди се, загнездете се; се загнездив, се загнездија; се загнездил; (ќе) се загнездев, (ќе) се загнездеа; (ќе) се загнездел; загнезден св. 1. Направи гнездо; сп. гнезди се. Една ластовичка се загнезди под нашата стреа. 2. (прен.) Се намести, се смести некаде како во гнездо; заседне некаде. Некој комита се загнездил во шумата. Малото гратче се загнездило на самиот врв на брдото. 3. (прен.) За чувство, за мисла и сл. – обземе нешто, се појави; сп. вгнезди се 3. Страв ѝ се загнезди во душата. Темнината се загнезди во нивните очи. ‖ се загнездува, се загнездуваат несв. ‖ глаг. им. загнездување ср.