загорчи
Значење на загорчи:
1. Почувствува горчлив вкус од нешто. Зелкава ми загорчи. Јадењето му загорчило на детето.
2. (прен.) Предизвика некому тешкотија, мачнотија, непријатност. Тој на многумина им го загорчил животот. Со својата палавост таа не еднаш му ги загорчила деновите.
Коњугација: загорчат.
Изведени зборови:
- загорчува, глаг. несв. загорчуваат
- загорчување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
загорчи, загорчат св. 1. Почувствува горчлив вкус од нешто. Зелкава ми загорчи. Јадењето му загорчило на детето. 2. (прен.) Предизвика некому тешкотија, мачнотија, непријатност. Тој на многумина им го загорчил животот. Со својата палавост таа не еднаш му ги загорчила деновите. ‖ загорчува, загорчуваат несв. ‖ глаг. им. загорчување ср.