загори
Значење на загори:
1. Почне да гори; гори Огнот полека загори.
2. Изгори малку, подгори нешто при варење или при печење. Го загоревме бакарданикот. Таа го загоре млекото.
3. Поцрни, потемни, изгори од сонцето. Голите раце му загореа од сонцето.
4. (прен.) Почувствува силна жед или потреба од нешто. Тој загорел за вода. Му загорела душата за едно јаболко.
Коњугација: загорат , загореа , загорев , загорел , загорен, загорете , загори .
Изведени зборови:
- загорува, глаг. несв. загоруваат
- загорување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
загори, загорат; загори, загорете; загорев, загореа; загорел; загорен св. 1. Почне да гори; сп. гори 1. Огнот полека загори. 2. Изгори малку, подгори нешто при варење или при печење. Го загоревме бакарданикот. Таа го загоре млекото. 3. Поцрни, потемни, изгори од сонцето. Голите раце му загореа од сонцето. 4. (прен.) Почувствува силна жед или потреба од нешто. Тој загорел за вода. Му загорела душата за едно јаболко. ‖ загорува, загоруваат несв. ‖ глаг. им. загорување ср.