заграби

Глагол, свршен

Значење на заграби:

1. Зграби, зграпчи, зее нешто во заграб. Не можев да го заграбам купот партали. Тој заграби сено и им тури на маските.

2. Грабне, присвои, зее нешто сосила. Го заграбиле езерото како да е нивно. Ги заграбил сите убави ниви и лозја.

3. Прегрне. Тој го заграби детето и го притисна кон себе. Ја сврте со лицето кон себе и ја заграби цврсто.

Коњугација: заграбат.

Изведени зборови:

  • заграбува, глаг. несв. заграбуваат
  • заграбување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

заграби, заграбат св. 1. Зграби, зграпчи, зее нешто во заграб. Не можев да го заграбам купот партали. Тој заграби сено и им тури на маските. 2. Грабне, присвои, зее нешто сосила. Го заграбиле езерото како да е нивно. Ги заграбил сите убави ниви и лозја. 3. Прегрне. Тој го заграби детето и го притисна кон себе. Ја сврте со лицето кон себе и ја заграби цврсто. ‖ заграбува, заграбуваат несв. ‖ глаг. им. заграбување ср.