загради
Значење на загради:
1. Почне да гради; гради_1 Тој загради нова куќа.
2. Направи ограда околу земјиште, куќа и сл.; огради, гради_2. Дворот го заградија со високи ѕидишта. Треба да го заградиш лозјево.
3. Прегради, направи пречка на воден тек, на пат и сл. Тој го загради потокот. Патот беше заграден со големи камења.
4. Опкружи, опколи од сите страни. Ноќеска ќе го заградиме селото од сите четири страни. Куќата во која се криеја ја заградија војници. Отсекаде бил заграден со деца.
5. За текст – стави нешто во заграда. Одделни зборови од реченицата тој ги загради.
Коњугација: заградат.
Изведени зборови:
- заградување, глаг. им. ср.
- се ~ загради, Се огради, се одвои со ограда. Соседите се заградија со висок ѕид.
- (се) заградува, глаг. несв. (се) заградуваат
Оригинални податоци:
загради, заградат св. 1. Почне да гради; сп. гради 1. Тој загради нова куќа. 2. Направи ограда околу земјиште, куќа и сл.; огради, сп. гради 2. Дворот го заградија со високи ѕидишта. Треба да го заградиш лозјево. 3. Прегради, направи пречка на воден тек, на пат и сл. Тој го загради потокот. Патот беше заграден со големи камења. 4. Опкружи, опколи од сите страни. Ноќеска ќе го заградиме селото од сите четири страни. Куќата во која се криеја ја заградија војници. Отсекаде бил заграден со деца. 5. За текст – стави нешто во заграда. Одделни зборови од реченицата тој ги загради. ● се ~ Се огради, се одвои со ограда. Соседите се заградија со висок ѕид. ‖ (се) заградува, (се) заградуваат несв. ‖ глаг. им. заградување ср.