загребе

Глагол, свршен

Значење на загребе:

1. Почне да гребе; гребе Иглата загреба по грамофонската плоча. Загребал со ноктите во меката земја.

2. Закачи, допре нешто при движење. Малиот рибарски чун загреба до брегот. Загреба со опинокот по снегот.

3. зачеша.

4. заструже.

Коњугација: загребаа , загребав , загребал , загребан , загребат , загребен, загребете , загреби , (ќе) загребеа , (ќе) загребев , (ќе) загребел .

Изведени зборови:

  • загребување, глаг. им. ср.
  • се ~ загребе, Почне да се гребе, да се драска. Децата се загребаа како мачиња.
  • (се) загребува, глаг. несв. (се) загребуваат

Оригинални податоци:

загребе, загребат; загреби, загребете; загребав, загребаа; загребал; загребан; (ќе) загребев, (ќе) загребеа; (ќе) загребел; загребен св. 1. Почне да гребе; сп. гребе 1. Иглата загреба по грамофонската плоча. Загребал со ноктите во меката земја. 2. Закачи, допре нешто при движење. Малиот рибарски чун загреба до брегот. Загреба со опинокот по снегот. 3. сп. зачеша. 4. сп. заструже. ● се ~ Почне да се гребе, да се драска. Децата се загребаа како мачиња. ‖ (се) загребува, (се) загребуваат несв. ‖ глаг. им. загребување ср.