загрее
Значење на загрее:
1. Стопли, сврели некого или нешто. Жешкиот песок ми ги загреа нозете. За да го загрее моторот, направи круг околу куќата.
2. (прен.) Воодушеви, многу заинтересира некого. Книгата го загреа и тој ја прочита многу брзо. Идејата за обединување ги загреа луѓето.
Коњугација: загреав , загреаја , загреал , загреан , загреат , загреен, загреј , загрејте , (ќе) загреев , (ќе) загрееја , (ќе) загреел .
Изведени зборови:
- загревање, глаг. им. ср.
- (се) загрева, глаг. несв. (се) загреваат
- се ~ загрее, 1. Се стопли, се затопли. Тој се загреа на огнот и седна да вечера. Селаните пиеја топла ракија за да се загреат. 2. (прен.) Се воодушеви, се заинтересира. Тој брзо се загреа за таа работа. Се загреа за една девојка. 3. (прен.) Во спортот – се раздвижи, се подготви за настап. Фудбалерите трчаа за да се загреат.
Оригинални податоци:
загрее, загреат; загреј, загрејте; загреав, загреаја; загреал; загреан; (ќе) загреев, (ќе) загрееја; (ќе) загреел; загреен св. 1. Стопли, сврели некого или нешто. Жешкиот песок ми ги загреа нозете. За да го загрее моторот, направи круг околу куќата. 2. (прен.) Воодушеви, многу заинтересира некого. Книгата го загреа и тој ја прочита многу брзо. Идејата за обединување ги загреа луѓето. ● се ~ 1. Се стопли, се затопли. Тој се загреа на огнот и седна да вечера. Селаните пиеја топла ракија за да се загреат. 2. (прен.) Се воодушеви, се заинтересира. Тој брзо се загреа за таа работа. Се загреа за една девојка. 3. (прен.) Во спортот – се раздвижи, се подготви за настап. Фудбалерите трчаа за да се загреат. ‖ (се) загрева, (се) загреваат несв. ‖ глаг. им. загревање ср.