загризе

Глагол, свршен

Значење на загризе:

1. Почне да гризе. Скрши големо парче од лебот и го загриза. Жедно загризавме во резанките од лубеницата.

2. (прен.) Почне да го мачи, да го тревожи нешто. Уште тогаш го загриза чувството на колебање.

Коњугација: загризаа , загризав , загризал , загризан , загризат , загризен, загризете , загризи , (ќе) загризеа , (ќе) загризев , (ќе) загризел .

Изведени зборови:

  • загризување, глаг. им. ср.
  • се ~ загризе, Почне да се гризе себеси или еден со друг. Се загриза невидливо за устата. Се загризаа како кучиња.
  • (се) загризува, глаг. несв. (се) загризуваат

Оригинални податоци:

загризе, загризат; загризи, загризете; загризав, загризаа; загризал; загризан; (ќе) загризев, (ќе) загризеа; (ќе) загризел; загризен св. 1. Почне да гризе. Скрши големо парче од лебот и го загриза. Жедно загризавме во резанките од лубеницата. 2. (прен.) Почне да го мачи, да го тревожи нешто. Уште тогаш го загриза чувството на колебање. ● се ~ Почне да се гризе себеси или еден со друг. Се загриза невидливо за устата. Се загризаа како кучиња. ‖ (се) загризува, (се) загризуваат несв. ‖ глаг. им. загризување ср.