загрижен
Значење на загрижен:
1. Што има грижи; што е обземен од грижи за некого или за нешто. Загрижен човек. Загрижени другари.
2. Што изразува грижа, беспокојство, вознемиреност. Загрижен глас. Загрижено лице.
Членувана форма: загрижениот.
Изведени зборови:
- загрижено, прил. Ме слушаше загрижено.
- загриженост, и. ж.
Оригинални податоци:
загрижен, загрижениот прид. 1. Што има грижи; што е обземен од грижи за некого или за нешто. Загрижен човек. Загрижени другари. 2. Што изразува грижа, беспокојство, вознемиреност. Загрижен глас. Загрижено лице. ‖ загрижено прил. Ме слушаше загрижено. ‖ загриженост ж.