загрми
Значење на загрми:
1. безл. Почне да грми; грми Надвор се наоблачи и загрми.
2. За оружје – почне да пука; запука, затрешти. Од сите страни загрмеа пушките. Двоцевката загрме два пати, едноподруго.
3. (прен.) Одекне силно, испушти силен звук сличен на грмеж. Тогаш загрме силен тресок. Во салата загрме весела смеа. Барабаните силно загрмеа.
4. (прен.) Викне силно, громко. Не! – загрмеа селаните. Јуриш – загрме командантот.
Коњугација: загрмат.
Изведени зборови:
- загрмува, глаг. повт. загрмуваат
Оригинални податоци:
загрми, загрмат св. 1. безл. Почне да грми; сп. грми 1. Надвор се наоблачи и загрми. 2. За оружје – почне да пука; запука, затрешти. Од сите страни загрмеа пушките. Двоцевката загрме два пати, едноподруго. 3. (прен.) Одекне силно, испушти силен звук сличен на грмеж. Тогаш загрме силен тресок. Во салата загрме весела смеа. Барабаните силно загрмеа. 4. (прен.) Викне силно, громко. Не! – загрмеа селаните. Јуриш – загрме командантот. ‖ загрмува, загрмуваат повт.