загрне

Глагол, свршен

Значење на загрне:

1. Покрие, обвитка, наметне нешто околу телото. Го загрна кожувот и излезе надвор. Тие беа загрнати со големи овчарски гуни.

2. (дијал.) Прегрне. Го потупка по рамото и го загрна со десната рака. Се доближи до него и го загрна.

3. (прен.) Покрие, скрие нешто. Облаците ја загрнале месечината. Мракот ја загрна одајата.

Коњугација: загрнаа , загрнав , загрнал , загрнат , загрнат , загрнете , загрни , (ќе) загрнеа , (ќе) загрнев , (ќе) загрнел.

Изведени зборови:

  • загрнување, глаг. им. ср.
  • се ~ загрне, 1. Се покрие, се обвитка, се наметне со нешто околу телото. Се загрна со новата мантија. 2. (дијал.) Се прегрне. Братски се поздравија и се загрнаа.
  • (се) загрнува, глаг. несв. (се) загрнуваат

Оригинални податоци:

загрне, загрнат; загрни, загрнете; загрнав, загрнаа; загрнал; загрнат; (ќе) загрнев, (ќе) загрнеа; (ќе) загрнел св. 1. Покрие, обвитка, наметне нешто околу телото. Го загрна кожувот и излезе надвор. Тие беа загрнати со големи овчарски гуни. 2. (дијал.) Прегрне. Го потупка по рамото и го загрна со десната рака. Се доближи до него и го загрна. 3. (прен.) Покрие, скрие нешто. Облаците ја загрнале месечината. Мракот ја загрна одајата. ● се ~ 1. Се покрие, се обвитка, се наметне со нешто околу телото. Се загрна со новата мантија. 2. (дијал.) Се прегрне. Братски се поздравија и се загрнаа. ‖ (се) загрнува, (се) загрнуваат несв. ‖ глаг. им. загрнување ср.