загуба
Значење на загуба:
1. Губење, лишување од нешто или од некого. Го обземаше слабост поради загубата на крвта. Жалеше за загубата на својот пријател. Непријателот претрпел тешки загуби.
2. Штета; негативна разлика меѓу трошоците за производство на стоката и нејзината цена; спрот: добивка, печалба. Со такви цени производителите ќе бидат во загуба. Месецот го завршивме без загуби.
Множина: загуби.
Оригинални податоци:
загуба, мн. загуби ж. 1. Губење, лишување од нешто или од некого. Го обземаше слабост поради загубата на крвта. Жалеше за загубата на својот пријател. Непријателот претрпел тешки загуби. 2. Штета; негативна разлика меѓу трошоците за производство на стоката и нејзината цена; спрот: добивка, печалба. Со такви цени производителите ќе бидат во загуба. Месецот го завршивме без загуби.