загуби

Глагол, свршен

Значење на загуби:

1. Остане без нешто што го имал; изгуби. Вчера го загубив клучот од дома. По патот овчарот загубил една овца.

2. а) Изгуби дел, нешто од својата природна целост (поради болест, повреда и сл.). При една експлозија во складот тој го загуби слухот. Овој човек го има загубено видот, не гледа веќе. Едната рака ја загубил во борба. б) Изгуби, престане да има некое својство, способност за нешто. Тој ја загуби рамнотежата и се затетерави. Одвај се задржа да не загуби свест. Од слабост го беше загубила гласот. Играта ја беше загубила својата интересност.

3. Остане без некого поради смрт, разделба и др. Тие загубија ќерка и два возрасни сина во војната. Во несреќата двајца работници ги загубија животите.

4. Доживее неуспех, пораз, не победи во натпревар, игра и сл. Стана очигледно дека битката е загубена. Тој го загуби облогот. Домашните загубија уште еден бод на свој терен.

5. Изгуби, се лиши од определени материјални вредности, пари и сл. Го загуби целиот свој имот. Се плашеше да не ја загуби печалбата.

Коњугација: загубат.

Изведени зборови:

  • загубување, глаг. им. ср.
  • се ~ загуби, 1. Се изгуби, исчезне, го снема. Го оседла коњот и се загуби надолу по заснежениот пат. Возот се загуби во далечината. 2. Изгуби ориентација, пат, не знаејќи каде се наоѓа. Убаво го познаваше патот во гората и не се плашеше дека ќе се загуби. Таа се загуби низ тесните сокаци. 3. Западне во состојба на збрканост, на полусвест. Тој од пиење сосема се загуби. Кога го виде него, сета се загуби.
  • (се) загубува, глаг. несв. (се) загубуваат

Оригинални податоци:

загуби, загубат св. 1. Остане без нешто што го имал; изгуби. Вчера го загубив клучот од дома. По патот овчарот загубил една овца. 2. а) Изгуби дел, нешто од својата природна целост (поради болест, повреда и сл.). При една експлозија во складот тој го загуби слухот. Овој човек го има загубено видот, не гледа веќе. Едната рака ја загубил во борба. б) Изгуби, престане да има некое својство, способност за нешто. Тој ја загуби рамнотежата и се затетерави. Одвај се задржа да не загуби свест. Од слабост го беше загубила гласот. Играта ја беше загубила својата интересност. 3. Остане без некого поради смрт, разделба и др. Тие загубија ќерка и два возрасни сина во војната. Во несреќата двајца работници ги загубија животите. 4. Доживее неуспех, пораз, не победи во натпревар, игра и сл. Стана очигледно дека битката е загубена. Тој го загуби облогот. Домашните загубија уште еден бод на свој терен. 5. Изгуби, се лиши од определени материјални вредности, пари и сл. Го загуби целиот свој имот. Се плашеше да не ја загуби печалбата. ● се ~ 1. Се изгуби, исчезне, го снема. Го оседла коњот и се загуби надолу по заснежениот пат. Возот се загуби во далечината. 2. Изгуби ориентација, пат, не знаејќи каде се наоѓа. Убаво го познаваше патот во гората и не се плашеше дека ќе се загуби. Таа се загуби низ тесните сокаци. 3. Западне во состојба на збрканост, на полусвест. Тој од пиење сосема се загуби. Кога го виде него, сета се загуби. ‖ (се) загубува, (се) загубуваат несв. ‖ глаг. им. загубување ср.