заигра
Значење на заигра:
1. За оро, за танец и сл. – почне да игра. Младенците заиграа колку за адет. Наскоро ќе ѝ заиграме на свадба.
2. За друг вид игра – почне да игра. Децата заиграа во песокта. Тие заиграа карти.
3. Натера некој да игра, го занесе во играта. Таа го заигра девојчето со една кукла.
4. (прен.) Направи некаков вид игра, некакво движење, мрдање. Кучето весело заигра околу неговите нозе. Сенката му заигра по ѕидот. Насмевка му заигра околу усните.
5. (прен.) Затрепери од радост, од возбуда. Срцето му заигра од радост. Осетив како ми заигра целата снага.
Коњугација: заиграат.
Изведени зборови:
- заигрување, глаг. им. ср.
- се ~ заигра, Се занесе во игра. Детето се заигра со новата играчка. Мажите се заиграа карти.
- (се) заигрува, глаг. несв. (се) заигруваат
Оригинални податоци:
заигра, заиграат св. 1. За оро, за танец и сл. – почне да игра. Младенците заиграа колку за адет. Наскоро ќе ѝ заиграме на свадба. 2. За друг вид игра – почне да игра. Децата заиграа во песокта. Тие заиграа карти. 3. Натера некој да игра, го занесе во играта. Таа го заигра девојчето со една кукла. 4. (прен.) Направи некаков вид игра, некакво движење, мрдање. Кучето весело заигра околу неговите нозе. Сенката му заигра по ѕидот. Насмевка му заигра околу усните. 5. (прен.) Затрепери од радост, од возбуда. Срцето му заигра од радост. Осетив како ми заигра целата снага. ● се ~ Се занесе во игра. Детето се заигра со новата играчка. Мажите се заиграа карти. ‖ (се) заигрува, (се) заигруваат несв. ‖ глаг. им. заигрување ср.