заинаети се

Глагол, свршен

Значење на заинаети се:

Почне да се инаети. Се заинаетил и не сакал да излезе. Таа се заинаети и не сакаше да го послуша.

Коњугација: се заинаетат.

Изведени зборови:

  • се заинаетува, глаг. несв. се заинаетуваат

Фразеолошки израз / поговорка:

Се заинаетил како магаре на мост – тера инает, го фати голем инает.

Оригинални податоци:

заинаети се, се заинаетат св. Почне да се инаети. Се заинаетил и не сакал да излезе. Таа се заинаети и не сакаше да го послуша. ‖ се заинаетува, се заинаетуваат несв. ◊ Се заинаетил како магаре на мост – тера инает, го фати голем инает.