зајак

Именка, машки род

Зоологија.

Значење на зајак:

Плашливо диво животно од фамилијата глодачи со долги задни нозе и долги уши; Lepus. Див зајак. Брз како зајак. Лов на зајаци

Множина: зајака, зајаци.

Алтернативно: зајци

Изведени зборови:

  • зајаче, и. ср. мн. зајачиња; зајаченце, мн. зајаченца дем. и хип. ◊ Ќе фати и мојот', "'рт", 'зајаче – и мене некогаш ќе ми се насмевне среќата.
  • зајачица, и. ж. 1. Женка на зајак. 2. (прен.) Убава слабо облечена келнерка со карактеристични детали кои потсетуваат на зајак во угостителски објекти со еротска содржина.
  • зајачиште, и. ср. аугм.

Фразеолошки израз / поговорка:

Питом зајак – (зоол.) припитомен глодач сличен на зајак; се одгледува заради вкусното месо и убавото крзно; Cuniculus cuniculus. Страшлив како зајак – се плаши многу лесно. Спие како зајак – спие многу лесно и лесно се разбудува. Тука е зајакот – во тоа е работата, тука е проблемот. Со еден куршум два зајака – одеднаш сака да заврши две работи. Со кола зајци фаќа – (ирон.) многу е силен, способен.

Оригинални податоци:

зајак, мн. зајаци и зајци, избр. мн. зајака м. (зоол.) Плашливо диво животно од фамилијата глодачи со долги задни нозе и долги уши; Lepus. Див зајак. Брз како зајак. Лов на зајаци. ◊ Питом зајак – (зоол.) припитомен глодач сличен на зајак; се одгледува заради вкусното месо и убавото крзно; Cuniculus cuniculus. Страшлив како зајак – се плаши многу лесно. Спие како зајак – спие многу лесно и лесно се разбудува. Тука е зајакот – во тоа е работата, тука е проблемот. Со еден куршум два зајака – одеднаш сака да заврши две работи. Со кола зајци фаќа – (ирон.) многу е силен, способен. ‖ зајачица, мн. зајачици ж. 1. Женка на зајак. 2. (прен.) Убава слабо облечена келнерка со карактеристични детали кои потсетуваат на зајак во угостителски објекти со еротска содржина. ‖ зајаче, мн. зајачиња; зајаченце, мн. зајаченца ср. дем. и хип. ◊ Ќе фати и мојот 'рт зајаче – и мене некогаш ќе ми се насмевне среќата. ‖ зајачиште, мн. зајачишта ср. аугм.