зајакне
Значење на зајакне:
1. Стане појак, посилен; закрепне (по болест и сл.). Таа зајакна по прележаната болест. Од добрата храна коњите брзо зајакнаа.
2. Направи да биде појак, посилен. Со засилена нега ги зајакнавме ранетите другари. Чистиот планински воздух го зајакна детето. Вештачкото ѓубре ги зајакна овошките.
3. (прен.) Дојде до израз, ја зацврсти својата позиција, положба и сл. Со зголемувањето на извозот денарот зајакна.
Коњугација: зајакнаа , зајакнав , зајакнал , зајакнат , зајакнат , зајакнете , зајакни , (ќе) зајакнеа , (ќе) зајакнев , (ќе) зајакнел.
Изведени зборови:
- зајакнување, глаг. им. ср.
- се ~ зајакне, Се поправи, стане појак, посилен. Се зајакнал и се развил со вежбање.
- (се) зајакнува, глаг. несв. (се) зајакнуваат
Оригинални податоци:
зајакне, зајакнат; зајакни, зајакнете; зајакнав, зајакнаа; зајакнал; зајакнат; (ќе) зајакнев, (ќе) зајакнеа; (ќе) зајакнел св. 1. Стане појак, посилен; закрепне (по болест и сл.). Таа зајакна по прележаната болест. Од добрата храна коњите брзо зајакнаа. 2. Направи да биде појак, посилен. Со засилена нега ги зајакнавме ранетите другари. Чистиот планински воздух го зајакна детето. Вештачкото ѓубре ги зајакна овошките. 3. (прен.) Дојде до израз, ја зацврсти својата позиција, положба и сл. Со зголемувањето на извозот денарот зајакна. ● се ~ Се поправи, стане појак, посилен. Се зајакнал и се развил со вежбање. ‖ (се) зајакнува, (се) зајакнуваат несв. ‖ глаг. им. зајакнување ср.