зајре
Само во еднина.
Значење на зајре:
1. (разг.) Храна, животни продукти. Отиде до дуќанот да купи зајре.
2. (разг.) Сè што е потребно за приготвување на едно јадење. Сето зајре за ручекот го стави на маса.
3. (дијал.) Задушница.
Фразеолошки израз / поговорка:
Има зајре – (разг.) израз за полна, крупна жена.
Оригинални податоци:
зајре (само едн.) ср. 1. (разг.) Храна, животни продукти. Отиде до дуќанот да купи зајре. 2. (разг.) Сè што е потребно за приготвување на едно јадење. Сето зајре за ручекот го стави на маса. 3. (дијал.) Задушница. ◊ Има зајре – (разг.) израз за полна, крупна жена.