закачалка

Именка, женски род

Значење на закачалка:

1. Направа со неколку куки за закачување алишта, изработена од дрво, метал, пластика и сл. Мантилот висеше на закачалката во ходникот.

2. Направа во вид на триаголник со една кука за закачување алишта во плакар. Сите фустани ѝ беа наредени на посебни закачалки.

3. Направа во вид на кука за закачување, прицврстена на кој и да е предмет што треба да се закачува. На горниот дел од ламбата имаше закачалка.

4. (прен.) Мала платнена лента пришиена на горниот дел од палто, од капут и сл. што служи за закачување. Ми се скина закачалката на капутот.

Множина: закачалки.

Оригинални податоци:

закачалка, мн. закачалки ж. 1. Направа со неколку куки за закачување алишта, изработена од дрво, метал, пластика и сл. Мантилот висеше на закачалката во ходникот. 2. Направа во вид на триаголник со една кука за закачување алишта во плакар. Сите фустани ѝ беа наредени на посебни закачалки. 3. Направа во вид на кука за закачување, прицврстена на кој и да е предмет што треба да се закачува. На горниот дел од ламбата имаше закачалка. 4. (прен.) Мала платнена лента пришиена на горниот дел од палто, од капут и сл. што служи за закачување. Ми се скина закачалката на капутот.