закачи 1
Значење на закачи:
1. Спои, сврзе еден предмет со друг со помош на кука или на друг соодветен начин. Железничарот ги закачи вагоните за локомотивата. Таа ми закачи еден каранфил на реверот.
2. Обеси, прицврсти нешто да виси, да стои закачено; качи1 На ѕидот закачи две слики. Тој ја закачи торбата на една гранка од дрвото 3. Допре, засегне нешто при движење. Една гранка ми ја закачи капата. Боцките му се закачија во раката. 4. (прен.) Задре, предизвика некого со закачки. Чекаше погоден момент да ме закачи.
Коњугација: закачат.
Изведени зборови:
- закачување, глаг. им. ср. закачување, PLUR_закачувања Зачестија закачувањата меѓу нив.
- се ~ закачи, 1. Се фати за некого или за нешто. Детето се закачи за фустанот од мајка си. 2. Се допре, се зафати, се набоде на нешто во движење. Рибата се закачи за јадицата. Балонот се закачи на една гранка од дрвото. 3. (прен.) Се скара, се спречка. Се закачија пред извесно време.
- (се) закачува, глаг. несв. (се) закачуваат
Оригинални податоци:
закачи1, закачат св. 1. Спои, сврзе еден предмет со друг со помош на кука или на друг соодветен начин. Железничарот ги закачи вагоните за локомотивата. Таа ми закачи еден каранфил на реверот. 2. Обеси, прицврсти нешто да виси, да стои закачено; сп. качи1 1. На ѕидот закачи две слики. Тој ја закачи торбата на една гранка од дрвото 3. Допре, засегне нешто при движење. Една гранка ми ја закачи капата. Боцките му се закачија во раката. 4. (прен.) Задре, предизвика некого со закачки. Чекаше погоден момент да ме закачи. ● се ~ 1. Се фати за некого или за нешто. Детето се закачи за фустанот од мајка си. 2. Се допре, се зафати, се набоде на нешто во движење. Рибата се закачи за јадицата. Балонот се закачи на една гранка од дрвото. 3. (прен.) Се скара, се спречка. Се закачија пред извесно време. ‖ (се) закачува, (се) закачуваат несв. ‖ глаг. им. закачување, мн. закачувања ср. Зачестија закачувањата меѓу нив.