закатани
Разговорен збор, израз.
Значење на закатани:
1. Заклучи со катанец. Заборави да ја закатани портата.
2. Изгуби, заметне, зафрли нешто. Не знаеше кај ги закатанила иглите за плетење.
Коњугација: закатанат.
Изведени зборови:
- се ~ закатани, (прен.) 1. Се заинаети. Се закатани и не сакаше никого да послуша. 2. Се изгуби, исчезне некаде. Дел од овците се закатанија низ планината.
- (се) закатанува, глаг. несв. (се) закатануваат
Оригинални податоци:
закатани, закатанат св. (разг.) 1. Заклучи со катанец. Заборави да ја закатани портата. 2. Изгуби, заметне, зафрли нешто. Не знаеше кај ги закатанила иглите за плетење. ● се ~ (прен.) 1. Се заинаети. Се закатани и не сакаше никого да послуша. 2. Се изгуби, исчезне некаде. Дел од овците се закатанија низ планината. ‖ (се) закатанува, (се) закатануваат несв.