заќушка

Глагол, свршен

Дијалектен збор.

Значење на заќушка:

1. Почне да удира со не многу силни удари; заудира. Поголемото дете го заќушка помалото.

2. Турка, бутка некого или нешто. Детето заќушка едно празно пластично шише.

Коњугација: заќушкаат.

Изведени зборови:

  • заќушкување, глаг. им. ср.
  • се ~ заќушка, (само мн.) Се заќушкаа на шега, на смеа, но на крајот и се зборија.
  • (се) заќушкува, глаг. несв. (се) заќушкуваат

Оригинални податоци:

заќушка, заќушкаат св. (дијал.) 1. Почне да удира со не многу силни удари; заудира. Поголемото дете го заќушка помалото. 2. Турка, бутка некого или нешто. Детето заќушка едно празно пластично шише. ● се ~ (само мн.) Се заќушкаа на шега, на смеа, но на крајот и се зборија. ‖ (се) заќушкува, (се) заќушкуваат несв. ‖ глаг. им. заќушкување ср.