заклацка

Глагол, свршен

Значење на заклацка:

1. Почне да клацка; клацка Силниот ветар ги заклацка дрвените капаци на прозорците.

2. За течност – заниша, размеша со клацкање во внатрешноста на садот; клацка 2. Тој го заклацка шишето со сок.

Коњугација: заклацкаат.

Изведени зборови:

  • се ~ заклацка, Почне да се клацка. Таа седна во нишалката и се заклацка.

Оригинални податоци:

заклацка, заклацкаат св. 1. Почне да клацка; сп. клацка 1. Силниот ветар ги заклацка дрвените капаци на прозорците. 2. За течност – заниша, размеша со клацкање во внатрешноста на садот; сп. клацка 2. Тој го заклацка шишето со сок. ● се ~ Почне да се клацка. Таа седна во нишалката и се заклацка.