заклепа 1

Глагол, свршен

Значење на заклепа:

1. а) За клепало – почне да клепа, да испушта звук. Клепалата полека заклепаа. б) Почне да удира во клепало; клепа1 Го зеде клепалото и силно заклепа.

2. Почне со ковање да остри коса, секира и сл.; клепа1 2. Тој ја заклепа косата.

3. (прен.) Почне да брбори, да дрдори. Старецот заклепа нешто.

Коњугација: заклепаат.

Изведени зборови:

  • заклепува, глаг. несв. заклепуваат
  • заклепување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

заклепа1, заклепаат св. 1. а) За клепало – почне да клепа, да испушта звук. Клепалата полека заклепаа. б) Почне да удира во клепало; сп. клепа1 1. Го зеде клепалото и силно заклепа. 2. Почне со ковање да остри коса, секира и сл.; сп. клепа1 2. Тој ја заклепа косата. 3. (прен.) Почне да брбори, да дрдори. Старецот заклепа нешто. ‖ заклепува, заклепуваат несв. ‖ глаг. им. заклепување ср.